Дома Фудбал Ендрик е разбуден „ѕвер“: Тоа што го прави Бразилецот ќе му ја промени кариерата засекогаш

Ендрик е разбуден „ѕвер“: Тоа што го прави Бразилецот ќе му ја промени кариерата засекогаш

Бразилскиот напаѓач Ендрик направи одличен потег со заминувањето од Реал на позајмица во Лион. Во Франција, 19-годишникот веќе го покажува целиот свој талент кој не можеше во Мадрид и постигна четири гола во четири настапи. Потполно посветен на фудбалот, ‘ѕверот’ допрва ќе ‘експлодира’.

Ендрик во претходната година и пол страдаше во Реал Мадрид. Карло Анчелоти му ветуваше дека ќе игра, а минути добиваше капка по капка, за со доаѓањето на Хаби Алонсо младиот Бразилец речиси целосно да биде свртен од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шансата ја доби дури при крајот на годината кога Алонсо го спасуваше својот ангажман во кралскиот клуб, но Ендрик одлучи дека можеби е подобро да побара среќа и минути на друго место.

Отиде на позајмица во Лион до крајот на сезоната. Досега правилно решил, а четирите гола во четири настапи доволно зборуваат за каков напаѓач станува збор.

Иако веќе одамна е милионер, овој чудесен млад дечко не отстапува од фудбалските принципи. Целосно е посветен на успехот, а Бразилците откриваат дека во Франција води исклучително мирен живот.

19-годишникот не дозволува ништо да го спречи на патот кон висините. Сака да се докаже во Лион, а потоа да се врати во Сантиаго Бернабеу и да покаже од што е изработен.

„Ендрик има неверојатна посветеност на фудбалот и води речиси целосно повлечен живот во Франција”, наведуваат бразилските медиуми и додаваат:

„Живее на 20 минути од тренинг центарот на Лион, има личен готвач, а целото слободно време го поминува со сопругата и кучињата.”

Лион во Ендрик доби огромно засилување до крајот на сезоната. Веќе се зборува за можноста за останување и следната сезона, но засега одлуката е летово да се врати во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фантастичен гол на Барди од слободен удар за Коњаспор (Видео)

Коњаспор не успеа да избегне пораз на гостувањето кај Аланијаспор, откако домаќинот славеш…