Дома Фудбал Останато Последниот „крал“ пред Роналдо и Меси: Бразилецот се прости низ солзи!

Последниот „крал“ пред Роналдо и Меси: Бразилецот се прости низ солзи!

Бразилецот Рикардо Кака синоќа го одигра последниот натпревар во МЛС лигата за Орландо Сити, па иако не потврди дека ќе оди во пензија, јасно е дека тој ден се приближува.

Легендарниот Бразилец својата слава ја стекна во дресот на Милан, каде два пати беше играч на годината во Серија А и е еден од четирити играчи кои ги имаат освоено Светското првенство, Лигата на шампиони и „Златната топка“ заедно со Роналдињо, Ривалдо и Зидан.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неговиот трансфер во Реал Мадрид во 2009 година тогаш беше втор најскап на сите времиња, иако после заминувањето од Милан никогаш повеќе не заигра на тоа ниво.

Кака ќе остане запаметен по својата елеганција на теренот и последен играч кој ја освои „Златната топка“ (2007) пред ерата на Роналдо и Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер му нуди уникатен договор на Меси – вакви услови никој не добил досега!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами преговара со Леонел Меси за продолжување на договорот. Освен…