Лионел Меси вчера беше претставен како нов играч на ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси се договори со Барселона за продолжување на договорот, но поради финансиските проблеми Каталонците немаа начин да го задржат и да го регистрираат, па затоа како слободен играч премина во Париз.
Сега шпанската новинарка Вероника Брунати ја откри последната порака која Меси ја испратил во групниот разговор со фудбалерите на Барселона.
„Не сакам да заминам. Не може повеќе ништо да се направи, пари нема. Клубот финансиски лошо стои, не можат да ми го продолжат договорот“, напишал Меси.