Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денес го игра натпреварот од квалификациите во Европското првенство против Фарски Острови на гостински терен.
После првите 45 минути Фарски Острови имаат водство од 1:0. До предност домаќинот дојде во една од своите први шанси уште во седмата минута кога Денковски беше совладан од Андрас Јохансен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија во продолжение создаде две одлични прилики прво преку Лука Трајкоски кој шутираше некаде од работ на шеснаесетникот кон средината на полувремето, а потоа и преку Филип Антовски во 36. минута кој се закани од далечина, неговиот удар заврши во пречката.
Тоа беа и двете наши најголеми шанси да стигнеме до гол во првиот дел.