Дома Фудбал Рудигер за ударот со колено: Зборува како да го убив, ако сакав да го повредам немаше да стане…

Рудигер за ударот со колено: Зборува како да го убив, ако сакав да го повредам немаше да стане…

Во пресрет на вечерашниот реванш на Етихад помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, дефанзивецот на кралевите Антонио Рудигер се обрати на новинарите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во еден момент беше запрашан да го коментира својот фаул при поразот на домашен терен од Хетафе.

Да потсетиме, Рудигер во една ситуација со колено го удри Диего Рико, кој веќе беше на земја, а за овој силен старт не доби дури ни жолт картон, што предизвика револт во спортската јавност во Шпанија.

Германскиот дефанзивец сега имаше можност да одговори на обвиненијата и се обиде да ја смири ситуацијата.

“Кога ќе го погледнете моментот во забавена снимка, да – изгледа грубо. Тоа нема како да го негирам. Но, не го убив, иако тој зборува како да сум го сторил тоа. Не треба да се претерува. Ако имав намера да го повредам, нема да станеше после тоа”, објасни тој.

Дополнително, нагласи дека немал лоша намера во таа прилика.

“Видовте како трчаше потоа, а јас останав во игра. Тоа значи дека не беше за црвен картон. Не сакав да го повредам. Секогаш се борам и давам максимум. Неговите изјави се претерани”, рече Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква прослава не сте виделе:Фудбалер извади нешто неочекувано и го покажа кон камерата (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отав…