Дома Фудбал Англија Познато колку оштета ќе добие Роналдо ако Јунајтед му го раскине договорот

Познато колку оштета ќе добие Роналдо ако Јунајтед му го раскине договорот

Kристијано Роналдо минатата недела направискандал откако пред крајот на натпреварот против Тотенхем реши да си замине во соблекувалната, одбивајќи да влезе во игра во последните минути.

Ваквиот потег не им се допадна на навивачите на Манчестер Јунајтед кои го критикуваа Роналдо за неговото арогантно однесување и порачаа дека такви работи не треба да се случуваат без разлика на белегот кој го оставил во овој клуб.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тен Хаг му покажа на Роналдо дека таквите потези не можат да се толерираат, па затоа беше и исфрлен од тимот за натпреварот со Челзи.

Пред неколку дена англиските медиуми објавија дека Манчестер Јунајтед е подготвен дури и да го пушти Роналдо без обештетување и самостојно да го раскине договорот со него, иако тоа скапо ќе ги чини.

„Сан“ објави дека Манчестер Јунајтед ќе биде обврзан да му плати отштета на Роналдо доколку сами го раскинат договорот со него во јануари, што не е невозможно да се случи.

Доколку навистина го видиме тоа сценарио во зимскиот преоден рок, тогаш Роналдо ќе добие 11 милиони евра отштета од Манчестер Јунајтед, по што ќе може да си пронајде нов клуб.

Роналдо и во текот летото се обиде да го напушти Манчестер Јунајтед, но тогаш не доби понуда каква што посакуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Погледнете еден од најглупавите потези на играч на Виљареал кој им поништи сигурен гол

Во последниот натпревар од осмото коло на шпанската Примера, Виљареал со многу мака успеа …