Дома Фудбал Англија Познат првиот учесник во најскапиот фудбалски натпревар во светот

Познат првиот учесник во најскапиот фудбалски натпревар во светот

Натпреварот со кој се затвара сезоната на Островот е финалето од плеј-офот во англискиот Чемпионшип.

За овој натпревар многумина ќе кажат дека е најскап на светот, причина се големите суми од ТВ правата, полниот „Вембли“, но и наградниот фонд кој го добиваат финалистите и тимот кој ќе се пласира во Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера го добивме и првиот финалист во плеј-офот за оваа сезона, а тоа е тимот на Хадерсфилд кој го совлада Лутон со во вториот натпревар со 1:0 и така со вкупни 2:1 се избори за големото финале на „Вембли“.

Нивни противник ќе биде Шефилд или Нотингем Форест. Во првиот натпревар Форест славеше со 1:2 и така Шефилд го очекува тешка задача во вечерашниот реванш. Нотингем Форест две децении не бил член на Премиер лигата и во овој плеј-оф влегоа како благи фаворити.

Директен пласман во Премиер лигата обезбедија Фулам и Бурнемот, од Премиер лигата испаѓаат Норвич и Вотфорд, додека третиот патник во Чемпионшип ќе го дознаеме викендов кога во последното коло од Премиер лигата за опстанок ќе се борат Лидс, Барнли и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…