Дома Фудбал Погледнете еден од најглупавите потези на играч на Виљареал кој им поништи сигурен гол

Погледнете еден од најглупавите потези на играч на Виљареал кој им поништи сигурен гол

Во последниот натпревар од осмото коло на шпанската Примера, Виљареал со многу мака успеа да го совлада Лас Палмас со 3:1, кој серијата без победа во првенството ја продолжи на вкупно 21 натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Николас Пепе погоди во вистински момент во 45. минута за водство на тимот од северот на Шпанија, но на стартот од вториот дел Фабио Силва го израмни резултатот.

Веќе во 51. минута Алекс Баена не успеа да го врати плусот од белата точка, а во 76. минута се виде една од најголемите глупости.

Ерик Баили погоди со глава од одлична позиција, топката одеше во голот, но Тиерно Бари одигра со топката од офсајд и на тој начин спречи чист гол!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…