Дома Фудбал Погледнете ја мајсторијата на Лука Модриќ од слободен удар два часа пред неговиот 39-ти роденден

Погледнете ја мајсторијата на Лука Модриќ од слободен удар два часа пред неговиот 39-ти роденден

Хрватска ја победи Полска со 1:0 во 2. коло од Лигата на нации во Осиек со прекрасниот гол на Лука Модриќ во 51. минута од натпреварот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватска ја постигна првата победа во групата откако во четвртокот загуби на гостувањето кај Португалија.

Откако хрватските репрезентативци не можеа да најдат начин да ја пробијат цврстата одбрана на Полјаците во првото полувреме, во 52. минута хрватскиот капитен Лука Модриќ на мајсторски начин погоди за 1:0.

Бруно Петковиќ доби слободен удар на работ од шеснаесетникот, а Модриќ, кој денеска го слави 39-от роденден, на фантастичен начин му ја смести топката во мрежата на полскиот голман Скорупски.

Ова беше 27-ми гол на Модриќ за репрезентацијата во 180 настапи. Голот погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо беше во солзи. Погледнете како Јамал го воодушеви со својата реакција

ШПАНИЈА го победи Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство со голот на М…