Дома Топ вести Погба е прескап – Реал има „план Б“

Погба е прескап – Реал има „план Б“

Реал Мадрид имаше сезона за заборав, па претседалот Флорентино Перез реши да го одврзе кесето и да направи реконструкција на тимот.

„Кралевите“ се исклучително активни во летниот преоден рок и веќе претставија пет засилувања за следната сезона за кои клубот одбвои 300 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, тоа не е крај за летниот шопинг на Реал Мадрид. Зидан сака уште еден врвен играч за врска, а прва мета е Пол Погба.

Французинот јавно изјави дека е спремен за нов предизвик во кариерата, но проблем е високата цена која ја постави Манчестер Јунајтед. Имено, „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 150 милиони евра.

Реал може да има проблеми со Финансискиот фер-плеј, па поради тоа има и „план Б“. Шпанските медиуми пренесуваат дека како алтернатива на Погба „кралевите“ го сакаат Џовани ло Селсо.

Аргентинецот имаше фантастична сезона во Бетис каде постигна 16 гола и запиша шест асистенции, па е на мета на многу европски гиганти.

Тој може да биде поефтина варијанта за засилување на средниот ред бидејќи Реал може да го донесе во Мадрид за 60 милиони евра.

Во меѓувреме, шпанските медиуми пренесуваат дека Реал ставил на продажба 13 фудбалери од кои планира да заработи околу 300 милиони евра (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…