После спектакуларните трансфери изминатото лето, ПСЖ сега да го доведе фудбалерот кој важи за еден од најталентираните фудбалери во Серија А.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите од Италија, еден од најталентираните италијански фудбалер Пјетро Пелегри кариерата би можел да ја продолжи токму во ПСЖ.
„Светците“ наводно веќе воспоставиле контакт со Џенова и со агентот на фудбалерот кој отпатувал во Париз за да ја слушне понудата за својот клиент.
Џенова секако дека не сака да го изгуби младиот Пелегри, но понуда поголема од 40 милиони евра би можела да го промени нивното мислење.
Пелегри има само 16 години, оваа сезона постигна три погодоци во Серија А и го привлече вниманието на голем број европски клубови.
Во Италија до овој момент интерес за неговите услуги покажаа Јувентус, Милан и Инте, додека од Англија како потенцијални купувачи се појавија Челзи и Манчестер Јунајтед.