Лидерот во македонското првенство, екипата на Шкендија денес гостува во Велес кај Борец.
Тетовскиот тим одигра фантастичен натпревар против Македонија Ѓ.П во кој постигнаа пет гола и расположени влегуваат во овој дуел. Од друга страна Борец славеше против Струга Трим Лум и го одржи чекорот зад водечките во мак фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За овој натпревар Шкендија нема да смета на Валон Адеми кој се уште е повреден и не се знае кога повторно ќе биде во комбинација за настап, а добра вест е враќањето на Арменд Алими кој не играше против Македонија Ѓ.П.
Теренот во Велес важи за еден од најтешките за играње, единствен тим кој сезонава славеше на стадионот „Зоран Паунов“ е Вардар пред две кола. Сепак, Шкендија е најдобрата екипа во овој момент и се уште не знае за пораз.
ПОСЛЕДНИ НАТПРЕВАРИ:
Шкендија – Борец 1:1
Борец – Шлендија 4:2
Шкендија – Борец 4:0
Борец – Шкендија 1:0