Денес во терминот од 14:00 часот се одиграа три натпревари во рамките од 21. коло во ПМФЛ.
На домашен терен Македонија Ѓорче Петров славеше убедлива победа од 3:0 против Тиквеш. „Лавовите“ го отворија резултатот уште во втората минута кога по шутот на Арби Воша топката погоди еден дефанзивец на гостите и заврши зад грбот на голманот на гостите од Кавадрци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За нов гол се чекаше дури до 76-та минута кога пенал погоди Филип Мишевски, конечните 3:0 ги постави нововлезениот Емир Скендери пред крајот на натпреварот во 89-тата минута.
Убедлив триум забележа и Силекс на гости кај Победа во Прилеп. Кратовци ги „торпедираа“ домаќините со високи 1:4. Во третиот натпревар Брегалница на домашен терен остана непоразена против Шкендија одигрувајќи 0:0.