Дома Фудбал Италија Пиоли објасни зошто мобилниот во соблекувалната на Милан не е забранет

Пиоли објасни зошто мобилниот во соблекувалната на Милан не е забранет

Фудбалерите на Милан изминатиот викенд повторно ги разочараа своите навивачи бидејќи одиграа 1:1 на свој терен против Наполи.

Навивачите на „Сан Сиро“ посакуваа три бода против тимот во кој владее хаос. На крајот натпреварот заврши без победник (1:1).

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


После натпреварот на мета на лутите навивачи Милан се најде хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ. Тој беше стартер против Наполи, но излезе од игра на полувреме поради повреда.

После поразот на Милан се појави фотографија на која се гледа тој и уште неколку играчи на Милан користат мобилни телефони пред самиот почеток на натпреварот.

Во италијанските медиуми после критиките се огласи тренерот Пиоли и објасни зошто тоа им е дозволено.

„Дозволувам употреба на мобилни телефони пред натпреварите. Играчите си ја слушаат омилената музика и на тој начин се мотивираат. Исто така, гледаат и видеа од натпреварите на својот противник. Поради тие работи мобилниот не е забренет“, порача Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …