Поранешниот репрезентативен голман на Македонија, Петар Ангелов – Диви е позитивен на коронавирус објави денес неговиот тим Тинекс Пролет.
Диви во последниот период не беше во тренажен процес поради болките во коленото, а откако му се појавиле симптоми на Ковид-19 тој бил тестиран и резултатот се покажал позитивен. Тој сега е во изолација, тимот ги прекина тренинзите и спроведе тестирања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Петар Ангелов – Диви, е позитивен на Ковид-19. Нашиот чувар на мрежата не беше во тренажен процес во последниот период поради болки во коленото, но по појавата на првите симптоми Ангелов беше тестиран, по што денеска доби позитивен резултат на Covid-19. Иако Ангелов не беше во контакт со соиграчите во последните денови, Тинекс Пролет ги презема сите неопходни чекори, тренажниот процес на првата екипа е прекинат, а за следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на нашата екипа и на стручниот штаб. Му посакуваме на нашиот чувар на мрежата што побрзо оздравување и враќање на терените“, објави Пролет во клупското соопштение.
Фото: РК Тинекс Пролет