Дома Фудбал Пеп: Разликата меѓу шампионите и другите е нашиот говор на тело

Пеп: Разликата меѓу шампионите и другите е нашиот говор на тело

Легендарниот шпански стручњак Пеп Гвардиола успешно ја започна својата деветта сезона во Премиер лигата на клупата на Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шампионот на Англија како гости го совлада Челзи со 2:0, со головите на Халанд и Ковачиќ.

„Ние ја имаме таа предност, ова е наша деветта сезона заедно, така што многу добро се познаваме. Се разбира, има грешки кои треба да се поправат, но ние зборуваме за тоа.

Разликата меѓу шампионите и другите е нашиот говор на телото и како се однесуваме. Тешките моменти и тешките натпревари и реакциите на нив дефинираат голем тим. Горд сум што ги водам овие момци. Имам многу среќа, немам што друго да додадам“.

Шпанецот додаде дека тимот е далеку од вистинската форма, но дека трите бода од Лондон се добра вест.

Сити во второто коло ќе биде домаќин на Ипсвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо пред второ засилување за Челси откако ѕвездата од 35 милиони фунти го одобри трансферот

Чаби Алонсо е на чекор да го осигура второто засилување за Челси откако го одобри потегот …