Напаѓачот на Челзи, Педро Родригез ја игра последната сезона на „Стенфорд Бриџ“ и ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
32-годишниот шпански напаѓач нема да го продолжи договорот со Челзи и на лето ќе си замине како слободен агент.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Педро веќе започнал да бара нов клуб, а италијанските медиуми пренесуваат дека е пред трансфер во Рома.
Клубот од Серија А му понуди на поранешниот играч на Барселона договор со плата од 2,7 милиони фунти годишно плус бонуси.
За Падро интерес покажуваат клубови и од МЛС лигата, но тој преферира да се пресели во Серија А.