Напаѓачот на Челзи, Педро Родригез ја игра последната сезона на „Стенфорд Бриџ“ и ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
32-годишниот шпански напаѓач нема да го продолжи договорот со Челзи и на лето ќе си замине како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Педро веќе започнал да бара нов клуб, а англиските медиуми тврдат дека најсилен интерес за неговиот потпис покажува Астон Вила.
Оваа сезона Педро запиша 12 настапи за „сините“, но е втор избор кај тренерот Лампард, а во Челзи пристигна во 2015 година од Барселона.