Повеќе од милион Французи вечерва се на улиците на Париз каде се слави втората шампионска титула на светските првенства.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Франција во финалето на Светското првенство ја совлада Хрватска со 4:2 и така стигна до својата втора титула, после онаа 1998 година.
Вечерва и Ајфеловата кула во Париз изгледа навистина величенствено. Обоена е во боите на Франција, но испишани се и двете шампионски години за „Галските петли“ 1998 и 2018.
