
Нголо Канте веќе некое време игра во Саудиска Арабија, но би можел да се врати во Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што дознава „Фут Меркато“, за освојувачот на Светското првенство од 2018 година е заинтересиран Париз. Не ПСЖ, туку Париз ФК.
Канте има 34 години, но и покрај заминувањето во Саудиска Арабија редовно добива повик од Дидие Дешан во репрезентацијата на Франција. Еден е од најблагодарните играчи на позиција дефанзивен фудбалер за врска. Многу трча и покрива голем дел од теренот. Канте веќе три години го носи дресот на Ал Итихад, а оваа сезона на седум натпревари постигна еден гол.