Дома Македонски спорт Пандев: Тоа што го направија во федерацијата е најголем срам, уште не можам да си поверувам

Пандев: Тоа што го направија во федерацијата е најголем срам, уште не можам да си поверувам

Капитенот Горан Пандев после интервјуто од пред неколку дена со кое предизвика бура од реакции денес гостуваше и во емисијата „Полн Погодок“ на „Тв Сонце“.

Пандев во ова интервју зборуваше на слични теми како и во претходното и уште еднаш побара промени во македонскиот фудбал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот ја прокоментира ситуцијата во која членовите на управниот одбор си поделија премија од 20.000 евра по пласманот на ЕП.

„Кај нас е така, излегува дека најзаслужни се тие во федерацијата. Но тоа што го направија е најголем срам во фудбалот во Македонија. Не е само сега, сите знаеме каков е фудбалот кај нас. Терените се лоши, нема плати за играчите…а овие луѓе во еден ваков кризен момент се дрзнаа да си поделат пари на грбот на репрезентацијата. Навистина јас уште не можам да верувам дека го направија тоа, дефинитивно ќе повторам ова е најголемиот срам во фудбалска Македонија“.

За Сејдини и важните натпревари.

„Претседателот Сејдини не ни дојде во хотелот пред натпреварот да ни посака среќа. Едноставно, на нив им беше се исто како ќе заврши натпреварот. Веќе две години тие се обидуваа да ја нарушат атмосферата во репрезентацијата, но ние и селекторот направивме голем успех. Доаѓаат со нас на патувања, тие седат во бизнис класа, ние седиме позади…Но, добро ние играчите никогаш не сме биле проблем, проблем се луѓето кои го водат фудбалто. Имаат луѓе на платен список кои не смеат да пишуваат, тоа сите и веќе го знаат“.

„Ако Сејдинји е во право и ако има проекти за напредок на фудбалот. Тогаш сигурно ќе го промени законот и ќе ги викне клубовите да гласаат. Немам ништо против да биде тој ако терените се поправат, ако има награда за пласман, ако терените се поправат со еден збор ако има проекти…Ние (Џенова) се бориме да завршиме 10-ти за да добиеме пет милиони евра. Минатата сезона во Македонија го прекинаа првенството, ние фрливме 600-700 илјади евра и никому ништо“.

Јасно порача дека неговите планови во овој момент се да прекине со вложувањата во македонскиот фудбал.

„Искрено моја идеја е да престанам да вложувам, затоа што не гледам зошто повеќе да вложувам во македонскиот фудбал. Добивам само проблеми и нервози за мене и мојата фамилија. Чекам само да дојде летото и да седнеме со луѓето во клубот да се договориме како ќе оди понатаму. Не е проблем дали Академија ќе испадне, нека испадне со игра. Проблемот е што гледам дека луѓето ги интересира само шетање, плати…

„Еве јавно кажувам доста ви се дневици, плати, шетања оставете го фудбалот на оние кои го сакаат. Во последните години бевме на дистанца од овие луѓе, се што направивме направивме сами, луѓето сакаа да го менуваат селекторот после еден таков успех. Вакви работи има само кај нас. Ние се пласиравме со него на Европско и требаше да му кажат: Дојди еве ти потпиши на колку сакаш години. Не сме ние Германија да менуваше селектор ако сме завршиле трети во квалификации“.

На крајот победило заедништвото во репрезентацијата.

„Нашето заедништво што не се делиме по националност ни по ништо друго. Тоа ни даде сила и на крајот бевме наградени. Играчите во репрезентацијата се пред се луѓе. За разлика од луѓето во федерацијата кои имаат само свои интереси“, порача Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…