На денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар присуствуваше капитенот Горан Пандев.
Пандев јасно порача дека ова е еден од најважните натпревари во неговата голема кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прво сакам да се заблагодарам на сите луѓе кои помогнаа да дојдам тука. Мојата желба, на федерацијата и македонската амбсада во Италија имаа голема желба да дојдам тука и на крајот успеавме. Се спремаме како и за сите други натпревари. Жално ќе биде што ќе нема публика и што двете репрезентации не се комплетни. Ние секако се надеваме на победа“.
Натпреварите за репрезентацијата има поголемо значење.
„Натпреварите во клупските дрес и овие во репрезентацијата, за мене ова е последна шанса да се пласирам со Македонија на ЕП. Емоциите сигурно се тука, ако не беа тие ќе се пензионирав до сега. Сакаме да го израдуваме македонскиот народ во овие тешки денови“, изјави Пандев.
„Треба да влеземе со ладни глави, имаме многу фудбалери кои играле важни натпревари. Сите гориме од желба да го добиеме овој натпревар“, изјави Пандев.
За да биде тука Пандев помогнале повеќе фактори.
„Што сум тука најзаслужни се селекторот, секретарот Бојан Марковски федерацијата, нашата македонска амбасада во Италија, како и луѓето во мојот клуб. Сите во клубот знаеа што ми значи овој натпревар, затоа и ми помогнаа. Сакам да испратам порака до некои луѓе кои не испратија ниту порака да прашаат како е Горан, ќе игра ли на овој натпревар, зафатени беа со градење терени“.