Дома Македонски спорт Пандев: Ваква хемија во репрезентацијата немало 20 години, мора да ја искористиме оваа шанса!

Пандев: Ваква хемија во репрезентацијата немало 20 години, мора да ја искористиме оваа шанса!

Македонија утре ќе игра историски натпревар против Грузија во кој ќе се бориме за пласман на ЕП.

Пред овој натпревар за Фејсбук страната на Фудбалската репрезентација на Македонија зборуваше капитенот Горан Пандев.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Кога почнав да играм првата желба ми беше да настапам во овој свет дрес, во дресот на македонската репрезентација. Играме долго време, скоро 20 години сум тука и дојдовме на само еден натпревар од сонот на сите. Безброј натпревари и финалиња, но настапот за репрезентативниот дрес е нешто посебно. Трема сигурно дека постои, знаеме за што играме, доволно сме искусни и знаеме за што играме. Фудбал е, можат да се случат многу работи, но се надевам дека на крајот ќе се радуваме. Верувам дека ќе успееме да се пласираме на едно Европско првенство и ќе докажеме дека ќе и во Македонија квалитетни фудбалери“.

„Се направи една репрезентација од младост и искуство. 20 години сум тука ,ваква хемија немало никогаш, сите сме како една фамилија, жално ќе биде да не ја искористиме оваа шанса“, изјави Пандев.

Целиот разговор на капитенот погледнете го во продолжение:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Флик може да биде среќен: Падна важен потпис во Барселона!

Фудбалскиот клуб Барселона го продолжи договорот со стоперот Ерик Гарсија до 2031 година. …