Дома Македонски спорт Падна Гашаран – Вардар закажа нов дуел со Барса!

Падна Гашаран – Вардар закажа нов дуел со Барса!

Европскиот шампион Вардар запиша победа на неофицијалното светско клупско првенство ракомет против иранскиот тим на Гашаран.

Избраниците на Раул Гонзалес запиша победа со осум поени разилка 30:22 и на тој начин обезбеди влез во полуфиналето каде ќе се сретне против шпанската Барселона која го елиминираше составот на тунискиот претставник, Есперанце.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Гашаран не беше достоен противник за Вардар, македонскиот претставник добро го започна натпреварот и веќе на полувремето замина со предност од пет голови разлика 15:10. Најдобар играч во тимот црвено-црните за овој натпревар беше Вук Борозан

Вардар полуфиналната пресметка со Барселона ќе ја игра утре со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…