Денес попладне Еурофарм Пелистер ќе пристигне во Манхајм каде што ќе одработи тренинг од 18:30 часот пред утрешниот натпревар со Рајн-Некар (20:45).
Во Еурофарм се задоволни што конечно ќе играат ракомет на високо ниво, а Гоце Олјлески порача дека ова е натпревар во кој можат само да добијат.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Коронавирусот остави трага. Не е лесно да сте надвор од тренажен процес десетина дена, видовме како се одрази тоа за дуелот против Шфкаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме и да ја вратиме силата за да се спремиме за мечот во вторник. Рајн Некар е фаворит во групата, не е лесно да се игра против нив, посебно на гости. Нема што да изгубиме, одиме да играме Европски ракомет“, изјави Ојлески пред натпреварот.