Дома Фудбал Италија Официјално: УЕФА ја изрече казната за Кристиано Роналдо

Официјално: УЕФА ја изрече казната за Кристиано Роналдо

Дисциплинската комисија на УЕФА пред неколку дена отвори истрага против Кристиано Роналдо за гестот кој го направи Португалецот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.

Роналдо третиот гол на мечот го прослави така што покажа на меѓуножјето, со што испрати провокативна порака до тренерот на „јорганџиите“ Диего Симеоне, кој на истиот начин славеше во Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА тој гест го процени како неспортски и отвори истрага, а денес и официјално беше изречена казната за Португалецот.

Ѕвездата на Јувентус помина без суспензија и доби само парична казна од 20.000 евра.

Тоа значи дека Роналдо ќе може да настапи во четвртфиналето од Лигата на шампиони против Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…