Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Стевче Алушовски нов тренер на Еурофарм

Официјално: Стевче Алушовски нов тренер на Еурофарм

Вчера македонскиот ракометен прволигаш Еурофрам Работник ја информираше македонската спортска јавност дека од клубот си заминува тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.

Во соопштението стоеше и дека се превземни чекори за пронаоѓање на нов тренер кој ќе биде претставен во најбрз можен рок.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


И навистина беше брзо – веќе денес клубот од Битола го назначи Стевче Алушовски за нов тренер. Алушовски е добро познат на македонската спортска јавност, посебно поради долгите години поминати како член на македонската репрезентација.

Во таборот на Еурофрам очекуваат Алушовски со своето знаење и искуство да им донесе причини за задоволство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…