Шпанскиот фудбалер кој долго време се мачеше со повредите во Арсенал, Санти Казорла се врати во редовите на Виљареал.
На официјалната страна на шпанскиот клуб беше потврдено дека Санти Казорла се враќа во клубот како слободен фудбалер без оштета откако му истече договорот со Арсенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Казорла во Арсенал помина шест години, настапи на 129 натпревари и постигна 25 погодоци.
За Шпанецот ова ќе биде трет пат да го облече жолтиот дрес.
Казорла токму тука ја започна професионалната кариера кога во 2004 година беше прекомандуван од Б тимот во сениорскиот тим на Виљареал. Потоа направи трансфер во Рекреативо Хуелва, за во 2007 по втор да потпише за „жолтата подморница“.
Вториот мандат во Виљареал го заврши во 2011 година кога направи трансфер во Малга каде што одигра една сезона, по што се пресели во Арсенал.
Hoy tenemos una cosa muy especial que contaros porque es la hora de volver a ver a alguien muy querido por los groguets… ¡Bienvenido de nuevo, @19SCazorla ???! #CazorlaVuelveACasa ?? pic.twitter.com/CPwaLUj1Me
— Villarreal CF (@VillarrealCF) June 5, 2018