Дома Фудбал Останато Официјално: Лион доби засилување од Арсенал

Официјално: Лион доби засилување од Арсенал

Aнглискиот фудбалер Ејсли Мејтланд-Најлс е нов играч на Лион, соопшти францускиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 25-годишен фудбалер за врска во Лион пристигнува како слободен фудбалер откако му истече договорот со Арсенал.

Мејтланд-Најлс со Лион потпиша договор на четири години и стана четвртото засилување за овој клуб во летниот преоден рок.

За Арсенал, Најлс дебитираше на 9-ти декември 2014 година во натпреварот против Галатасарај, а потоа беше испраќан на неколку позајмици, минатата сезона ја помина во Саутемптон.

Во дресот на Арсенал настапи на 132 натпревари освојувајќи два ФА Купа и два Комјунити Шилд. За репрезентацијата на Англија собра пет настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагедија: 34-годишен борец почина од срцев удар

Бразилскиот ММА борец и член на УФЦ во „мува“ категорија Алан Насименто почина на 34-годиш…