Како и што беше најавено – Кирил Лазаров е нов селектор на Македонија!
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ја потврди одлуката донесена на вчерашниот состанок на управниот одбор на РФМ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ја имам таа привилегија и чест да кажам дека е донесена важна одлука за иднината на македонскиот ракомет. На вчерашниот состанок на УО на РФМ одлучено е нов тренер на машката репрезентација да биде Кирил Лазаров. Се договоривме со Кире тој да биде нов селектор – тренер во период од една година додека да добие мастер-коуч диплома. Потоа ќе добие четиригодишен договор како селектор. Пресреќен сум што заедно со Лазаров ќе се бориме за македонскиот ракомет“, изјави Мукаетов.