Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Захов потпиша со Шкендија до 2023

Официјално: Захов потпиша со Шкендија до 2023

Koстадин Захов денес стави потпис на нов договор со Шкендија.

Захов е еден од најдобрите голмани во македонската прва лига и неговиот потпис за Шкендија секако е важен. Според новиот договор тој за Шкендија е врзан со 2023 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Среќен сум што ќе останам во клубот каде што ги поминав најдобрите денови и остварив големи успеси. Шкендија ми даде многу и се надевам дека на овој начин успеав до некаде да и возвратам“, изјави Захов за официјалната страна на клубот.

Во редовите на Шкендија Захов дојде во 2016 година и од тогаш собра 176 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…