Жозе Мурињо пред неколку официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем каде потпиша договор до 2023 година.
Медиумите на Островот веќе ја открија и првата трансфер желба на „Специјалниот“ за зимскиот преоден рок. Станува збор за неговиот сонародник Бруно Фернандеш кој треба да биде наследник на Кристиан Ериксен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фернандеш минатата сезона блесна во дресот на Спортинг Лисабон и ова лето беше на мета на многу европски гиганти, меѓу кои и Тотенхем. Клубот од Лисабон потврди дека Тотенхем ова лето испратил понуда за плејмејкерот, но двете страни не успеале да се договорат околу обештетувањето.
Сега трансферот треба да го забрза Мурињо, кој по секоја цена сака да го донесе својот сонародник во Тотенхем, а трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра.
Покрај Фернандеш, Мурињо го посакува и стоперот на Бенфика и португалски репрезентативец Рубен Дијас. На крајот на сезоната му завршува договорот на Алдервајлед, па „Специјалниот“ во Дијас гледа идеална замена.
[Daily Mirror] José Mourinho has asked super agent Jorge Mendes to keep him notified on Ruben Dias of Benfica and Bruno Fernandes of Sporting Lisbon for #thfc ahead of the January window. pic.twitter.com/DukvJzNJqb
— Hotspur Lane (@HotspurLane) November 25, 2019