Дома Македонски спорт Мак ракомет Откажан натпреварот Мешков Брест – Вардар

Откажан натпреварот Мешков Брест – Вардар

Натпреварот од 13 коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра. Вардар1961 требаше во вторник да патува за Брест, Белорусија на средба од ЛШ, но истиот нема да се одигра.

Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека „ сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот“, се вели во информацијата упатена на клубот.

За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…