Француската машка фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри (ОИ) во Париз по победата против Нов Зеланд (3:0) во Марсеј, а во петок во Бордо ќе се сретне со Аргентина за пласман во полуфиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Победниците на првите два меча во групата, фудбалерите на тренерот Тиери Анри го потврдија добриот почеток на натпреварувањето со победата благодарение на головите на Жан-Филип Матета во 19. минута, Дезире Дуе во 71. минута и Арнауд Калимуендо во 74. минута.
Фудбалерите на Аргентина ја победија Украина со 2:0 во третото коло од групната фаза на олимпискиот турнир, додека Мароко беше подобар од Ирак со 3:0.
Во четвртфиналето оди Мароко од првото, а Аргентина од второто, додека Игрите завршија за Украина и Ирак.