Дома Фудбал Германија Одложен натпреварот помеѓу Баерн и Унион Берлин во Бундеслигата

Одложен натпреварот помеѓу Баерн и Унион Берлин во Бундеслигата

Натпреварот помеѓу Баерн и Унион Берлин кој требаше да се игра денес е одложен поради големите снежни врнежи кои направија хаос во Баварија, посебно во Минхен.

За 12 часа паднаа повеќе од 40 сантиметри снег и поради тоа натпреварот кој беше планиран за денес од 15:30 часот е одложен.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Алијанц Арената“ има систем за греење и веројатно снегот би можел лесно да се стопи, но официјалните лица сепак се одлучија за одложување на средбата најмногу поради гледачите на трибините.

Исто така јавниот превоз во Германија привремено ќе биде во прекин, па и доаѓањето на стадионот би било отежнато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Челси почна преговори со Дортмунд за ѕвезда вредна 50 милиони фунти

Челси наводно го засили својот интерес за Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд, започнувајќи …