Дома Македонски спорт „Оваа година зборувавме за прв поен, прв сет, прва победа, наредното ЕП за прво осминафинале“

„Оваа година зборувавме за прв поен, прв сет, прва победа, наредното ЕП за прво осминафинале“

Репрезентацијата на Македонија во одбојка Европското првенство во Словенија го заврши во групната фаза.

Поразите кои ги претрпевме во првите натпревари во кои собиравме искуство како дебитанти на едно Европско првенство беа причината поради што останавме без пласман во осминафиналето и покрај големиот триумф над силната Словенија. Нашите одбојкари вистинското лице го покажаа во последните две средби.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И така имамве прилика да се пласираме во следната фаза, но резултатите не одеа во наша корист. Сепак место за големо тагување нема, самиот деби настап на едно ЕП е успех.

Одбојкарската федерација преку својот Фејсбук профил го порача токму тоа и најави дека веќе на наредното ЕП кое е за две години ќе зборуваме за осминафинале.

„Mоже да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното европско за две години.
Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале!“, стои во нивната објава на официјалниот Фејсбук профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…