Дома Фудбал Англија Ова се петте кандидати за наследник на Солскјер

Ова се петте кандидати за наследник на Солскјер

Местото на Оле Гунар Солскјер и тоа како е несигурно во Манчестер Јунајтед.

На Јунајтед не никако не му оди, а последниот пораз на „Сент Џејмс Парк“ од Њукасл отвори многу прашања. Иако фудбалската јавност се сложува дека главните грешки се направени од страна на бордот директори и семејството Глејзер, тренерите се оние кои ја плаќаат цената.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така низ италијанските медиуми веќе се појави список од пет имиња кои наскоро би можеле да го заменат Солскјер на клупата.

Брендан Роџерс кој има солиден старт со Лестер кој се наоѓа на четвртата позиција во Премиер лигата. Идеите на Роџерс се вклопуваат со оние во Јунајтед, двата тима имаат одлични англиски играчи, а и клубот можеби полесно би дошол мети како Медисон кој под водство на Роџерс прикажува одлични настапи.

На листата се најдоа и имињата на Алегри и Венгер. Италијанскиот стратег е без ангажма нод кога го напушти Јунајтед, додека Венгер неодамна како да му се понуди на Јунајтед кога изјави дека би му било чест да го води клубот од „Олд Трафорд“.

Списокот се завршува со имињата на Покетино и Саудгејт. Аргентинецот можеби и најдобро ги разбира проблемите на Солскјер, но за разлика од Норвежанецот е далеку поискусен и игра по офанзивен фудбал. Од друга страна Саудгејт направи одлични резултати со репрезентацијата на Англија, меѓутоа на него му се даваат најмали шанси.

Интернационалната пауза би требала да придонесе да се оладат главите, а потоа следи големото дерби на Јунајтед со Ливерпул. Останува да се види дали Солскјер ќе го преживее гостувањето на казнената експедиција на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…