Дома Фудбал Англија Обемејанг му се смееше во лице на ривалот, а казната стигна за неколку секунди! (ВИДЕО)

Обемејанг му се смееше во лице на ривалот, а казната стигна за неколку секунди! (ВИДЕО)

Арсенал во иста недела успеа да ги победи Ливерпул и Манчестер сити, но се „лизнаа“ неочекувано против Астон Вила и така ги разочараа навивачите, кои очекуваа дека конечно „топчиите“ играат како што сите посакуваат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Решавачкиот погодок беше постигнат во 27. минута по корнер, а интересно е тоа што Пјер-Емерик Обемејанг му се смееше на противникот само неколку секунди претходно.

Обемејанг требаше да го чува Тајрон Мингс, а камерите го забележаа напаѓачот од Габон како во очи му се смее на противникот.

Мингс успеа да ја удри доволно топката, за таа да стигне до Трезеге, кој со силен и прецизен удар го матираше Емилијано Мартинез.

Навивачите преку социјалните мрежи испратија навреди до напаѓачот бидејќи не беа задоволни поради неговиот несериозен пристап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…