Дома Фудбал Италија Новиот договор е спремен: Донарума останува верен на Милан!

Новиот договор е спремен: Донарума останува верен на Милан!

20-годишниот чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума игра фантастична сезона за „росонерите“ и веќе се етаблираше како прв голман во италијанската репрезентација.

Донарума оваа сезона собори многу рекорди и несомнено се работи за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал, па Милан во него гледа голема иднина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Актуелниот договор на Донарума со Милан истекува во 2021 година, но раководството е спремно да му понуди нов, побогат договор.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни се блиску до договор и наскоро Џиџо ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност до 2024 година со „росонерите“.

Младиот голман во моментов е најплатен играч во Милан со годишна плата од 6 милиони евра, а со новиот договор ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Новото раководство на клубот, Леонардо и Малдини е во одлични односи со неговиот агент Мино Раиола, па наскоро се очекува договорот да го продолжи и Џакомо Бонавентура, кој исто така е негов клиент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…