Против фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли отворена е истрага за обложување на фудбалски натпревари, а според последните информациите 22-годишниот играч го признал делото.
Фаџоли е под истрага од торинскиот јавен обвинител дека се обложувал онлајн преку нелегални платформи, а ако неговата вина се потврди му се заканува и суспензија од терените до три години.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Фаџоли им признал на истражителите, но истакнал дека тоа не го правел на нелегални платформи и никогаш не фклучувал тимови за кои играл.
Сепак, според правилото на фудбалерите, тренерите и членовите на стручните штабови им е забрането било какво обложување. Останува сега се види каков исход ќе има крајот на истрагата.
Ќе потсетиме, неодамна во Јувентус имаше и уште еден скандал откако се потврди позитивниот допинг тест на Пол Погба.