
Ливерпул постигна драматична и многу вредна победа со 1:0 на гостувањето кај Нотингем Форест, благодарение на што се израмни по бодови со Челзи и Манчестер Јунајтед, кој, меѓутоа, има еден натпревар помалку.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шампионите одиграа многу слабо прво полувреме, во кое домаќините беа подобриот тим, но не успеаја да направат предност. По 50-та минута, Ливерпул почна да игра малку подобро, но успеаја само до една чиста шанса, пред во 89-та минута голот на Алексис Мак Алистер да биде поништен по интервенцијата на ВАР поради тоа што топката го удрила лактот на Аргентинецот.
Мак Алистер сепак ја донесе победата на Ливерпул во 97-та минута. Така, Ливерпул конечно успеа да го совлада Нотингем Форест по три натпревари без победа против овој противник.