Дома Фудбал Алегри: Ни требаат 12 победи во 13 натпревари за да го престигнеме Интер

Алегри: Ни требаат 12 победи во 13 натпревари за да го престигнеме Интер

Тренерот на Милан Масимилијано Алегри одби да продолжи со полемиката околу ремито 1:1 со Комо, поради што ќе биде казнет за домаќинството против Парма. Тој исто така посочи што му е потребно на неговиот тим за да успее да го претекне Интер во борбата за титулата во Серија “А”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Многу е важно да ја оставиме полемиката од мечот со Комо зад нас, бидејќи натпреварите стануваат се поважни. Имаме уште 13 натпревари, или 39 бодови за освојување. Се надеваме дека ќе освоииме што е можно повеќе од нив. Нема смисла да зборуваме за слученото. Да се фокусираме на утрешниот натпревар, бидејќи Парма се добро се справуваат. Тие се доста добар тим во одбраната, како и при статичните ситуации. Ќе треба да одиграме многу организиран и компактен меч“

„Сè е во ред со повредите, вклучувајќи го и Страхиња Павловиќ, за кого се плашевме дека може да има скршена коска. Иако не е во одлична состојба, тој е на располагање. Сите останати се добро. Кристијан Пулишиќ и Рафаел Леао се подобро, особено првиот. Што се однесува до Лука Модриќ, да се надеваме дека ќе продолжи така до самиот крај. Тој е извонреден фудбалер. Немам зборови со кои би го опишал и станувам малку емоционален кога зборувам за него. Вакви шампиони се пример за сите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…