Дома Фудбал Деко спречи фатална грешка на Барселона – откриени се сите детали

Деко спречи фатална грешка на Барселона – откриени се сите детали

Поранешниот директор на Барселона, Матеу Алемани, беше спречен од една погубна размена на играчи со ПСЖ. Фаталната грешка ја спречи Деко.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Матеу Алемани на почетокот од 2023 година имал договор со ПСЖ за размена на играчи. Тогашниот директор на Барселона ја прифати понудата во која Гави ќе завршеше во Париз, а Фабијан Руиз и Марко Верати во Барселона.

Алемани ја завршил работата зад грбот на раководството на тимот. Сето тоа го дознал Деко, кој штотуку ја преземал функцијата на спортски директор, и го спречил катастрофалниот потег за каталонскиот тим.

„Во 2023 година, Матеу Алемани сè договараше со ПСЖ. Гави требаше да замине во Париз во замена за Руиз и Верати. Сè заврши зад грбот на раководството на клубот, но сè пропадна кога Деко дозна за тоа“, пренесуваат каталонските медиуми и ја продолжуваат приказната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…