Продолжува истрагата за инцидентот во кој животот го загуби грчкиот навивач на АЕК, 29-годишниот Михалис.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради големите нереди во Атина натпреварот беше одложен, а сега во тек е истрагата и хулиганите очекуваат судот да им ги соопшти казните.
Грчките медиуми пренесуваат дека Михалис не починал на местото на кој бил избоден, туку барем 100-тина метри подалеку. Полицијата пронашла траги од неговата крв кои покажуваат дека бил ранет релативно далеку од местото каде што бил пронајден.
На местото каде што бил пронајден му била укажана помош, но сепак Михалис им подлегнал на повредите.