Маруан Фелаини вчера на мечот против Тотенхем помина само неколку минути на терен, а денес британските медиуми пренесуваат дека станува збор за сериозна повреда.
Имено, Белгиецот денес беше на детални лекарски прегледи кои потврдија дека ќе мора да отсуствува 6 до 8 недели, што значи дека нема да се врати на терените пред месец април.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фелаини има истегнување на лигаментите на коленото, повреда која му се повторува втор пат сезонава.
Договорот на Фелаини со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, но Мурињо јавно призна дека сака да го задржи во тимот.