По завршениот настап на Светското првенство, Бразил се раздели со селекторот Тите и се уште е во потрага по негов наследник.
Се споменуваа неколку имиња, а во меѓувреме Бразилците ќе ги води Рамон Менсез кој е селектор на селекцијата на „Кариоките“ до 20 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој ќе биде на клупата во пријателскиот натпревар против Мароко на 25-ти март. Сега германски „Билд“ тврди дека Јоаким Лев би можел да биде новиот селектор на Бразил.
Лев е без ангажман откако ја заврши соработката со германската репрезентација со кој во минатото на Бразилците им го приреди едно од најголемите понижувања во историјата победувајќи ги со 7:1 во полуфиналето на Светското првенство во 2014 година.