Дома Трансфер зона Ништо од Перишиќ: Арсенал се насочува кон Караско!

Ништо од Перишиќ: Арсенал се насочува кон Караско!

Арсенал започна преговори со Далиан Јуфанг за трансфер на белгискиот репрезентативце, Јаник Караско, пресуваат англиските медиуми.

„Топџиите“ се насочија кон Караско откако пропаднаа преговорите со Интер за трансфер на Иван Перишиќ. Арсенал го сакаше Хрватот на позајмица, но „нероаѕурите“ ја одбија таквата понуда.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега Арсенал ќе се обиде да го реализира трансферот на Караско со истата формула, позајмица со право на откуп.

Белгискиот репрезентативец по секоја цена сака да си замине од Кина, па кинескиот клуб веројатно ќе ја прифати понудата на Арсенал.

Караско минатата година се пресели во Кина, каде заработува 10 милиони евра по сезона, но сега сака по секоја цена да се врати во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…