Дома Останати Кошарка НБА Ниту чудесен Јокиќ со 43 поени не беше доволен, Денвер ќе оди на мајсторка со Сан Антонио (ВИДЕО)

Ниту чудесен Јокиќ со 43 поени не беше доволен, Денвер ќе оди на мајсторка со Сан Антонио (ВИДЕО)

Eкипите на Сан Антонио и Денвер ќе играат мајсторска за место во наредната фаза од плејофот откако Спарси на домашен терен изминатата ноќ славеа победа со 120:103.

Со таа победа Спарси изедначија на 3:3 во серијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На Наџентси не им беше доволен ниту чудесниот настап на Никола Јокиќ кој уфрли дури 43 поени, имаше 12 скока и подели девет асистенции. Без оглед што неговиот тим не победи Јокиќ може да биде горд на себе бидејќи го собори српскиот рекорд во НБА лигата.

Имено, претходно ниту еден Србин не успеал да постигне 43 поени во најсилната кошаркарска лига, досегашниот рекорд го држеше Пеџа Стојаковиќ кој како играч на Сакраменто постигна 42.

Освен тоа Јокиќ вчера стана само четвртиот кошаркар во историјата кој во еден плеј-оф натпревар имал учинок од барем 43 поени, 12 скокови и девет асистенции. Пред него тоа им успеало само на Чарлс Баркли, Меџик Џонсон и Оскар Робертсон.

Последниот меч во серијата и конечната пресметка за влез во полуфиналето на Западната конференција Наџентси и Спарси ќе го играат во ноќта помеѓу сабота и недела во 04:00 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…