Македонскиот шампион Вардар оствари огромен успех и се пласираше во групната фаза, а фудбалерот Бобан Николов беше воодушевен по големиот натпревар.
Николов истакна дека не може да опише како се чуствува, но е сигурен дека овој натпревар ќе остане запишан во историјата и ќе се прераскажува вечно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можам да опишам како се чуствувам. Направивме голем подвиг, ја ирзадувавме Македонија, го оставивме срцето на терен и бевме наградени. Ова е од оние натпревари кои вечно ќе се прераскажуваат. Ниту Реал Мадрид не успеал да ги натера турските фанови да навиваат против нивниот претставник, нас тоа ни успеа. Во последните минути од натпреварот, целиот стадион скандираше: Вардар, Вардар…“, изјави Николов.
Македонските фудбалери во текот на ноќта се вратија во Македонија, а денес како и целата македонската фудбалска јавност со нетрпение ја очекуваат ждрепката која е закажана за во 13:00 часот.