Дома Фудбал Германија Нико Ковач пред враќање во германскиот фудбал

Нико Ковач пред враќање во германскиот фудбал

Викендот кој е зад нас донесе тренерска смена во Бундеслигата.

Екипата на Херта го отпушти Тајфун Коркут, со него замина и неговиот помошник, Илија Арачаиќ. Во медиумите веќе се шпекулира дека ново име на клупата ќе биде Нико Ковач кој има големо искуство во германскиот фудбал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Од повеќе причини не можеме да ги надградиме нашите успеси. Сакам да се заблагодарам на клубот за одличната и отворена соработка и да им посакам опстанок во Бундеслигата“, изјави Коркут.

Коркут ја презеде Херта во ноември 2021 година кога на клупата го наследи Пал Дардаи. После 26 одиграни кола во Бундеслигата клубот е на претпоследното место на табелата со 23 бодови на своето конто. Во Германија Ковач ги водеше Ајнтрахт и Баерн Минхен, додека добар дел од својата играчка кариера помина во Херта како играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Босанец трогнал италијански новинар: Направил среќен да си замине и покрај елиминацијата!

Италијанскиот спортски новинар Танкерди Палмери на платформата X ја раскажа гостопримливос…